-->
-->
Премиер лига: Ливерпул се врати на второто место
-->
Екипата на Ливерпул со победата над Стоук на домашен терен од 4:1 и со новите три бодови се врати на второто место на табелата. Ова беше претпоследниот дуел од 18.коло од Премиер лигата.
Ливерпул до триумфот на Енфилд стигна со пресврт. Гостите поведоа во 12.минута со голот на Џонатан Волтерс. Водство од 2:0 шест минути подоцна спречи голманот Мињоле со одбраната на поранешниот соиграч Џо Ален.
Ливерпул изденачи во 35.минута преку Адам Лалана, а во 44.минута Роберто Фирмино донесе водство од 2:1. Во 59.минута со автоголот на Џанели Имбула „црвените“ поведоа со 3:1. Конечните 4:1 ги постави Даниел Стариџ во 70.минута во првиот контакт со топката откако само што влезе во игра.
Ливерпул е втор на табелата со 40 бодови, зад Челзи со 46. Манчестер Сити е трет со 39, а Арсенал има 37, следуваат Тотенхем и Манчестер Јунајтед со 33.
Утре се игра последниот дуел од ова коло меѓу Саутемптон и Тотенхем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
