Фудбал
12. January 2016 - 17:12

Премиер лига: Денеска и утре дуели од 21-то коло

 Во фудбалското првенство на Англија, односно Премиер лигата, денеска и утре ќе се играат натпреварите од 21.коло.
 
За денеска од 20 часот и 45 минути закажани се три средби: Бурнемут - Вест Хем, Астон Вила - Кристал Палас и Њукасл - Манчестер Јунајтед. 
 
Утре во истиот термин (20:45 часот) ќе стартуваат дуелите, Свонси – Сандерленд, Челзи – ВБА, Манчестер Сити – Евертон, Саутемптон – Ватфорд и Стоук – Норвич. 
 
Последните два натпревари од ова коло, воедно и дерби мечеви ќе започнат во терминот од 21 часот, а во нив, на „Енфилд’’ кај Ливерпул гостува лидерот Арсенал, додека во Лондон тимот на Тотенхем го пречекува второ рангираниот Лестер. 
 
Табела: Арсенал 42 бодови, Лестер 40, Манчестер Сити 39, Тотенхем 36, Манчестер Јунајтед 33, Вест Хем 32, Кристал Палас 31, Ливерпул 30...