Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија

Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите.
Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти. Во таа насока, е посебно значајно функционирањето на центрите за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.
-Неделава во охридската болница е отворен првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион. Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик, истакна министерот Азир Алиу во своето обраќање на стручниот симпозиум, во организација на научното здружение за обезност ОБЕМ.
На симпозиумот беше потенцирана потребата од подигнување на јавната свест и превентивно делување, како и за значењето на мултисекторската соработка меѓу институциите и невладиниот сектор.
-Министерството продолжува со мерки за поддршка, вклучително преку активностите од Програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер, со посебен фокус на едукацијата за третман и контрола на дијабетесот, имајќи предвид дека обезноста е тесно поврзана со дијабетес тип 2, стои во соопштението од Министерството за здравство.
МИА
Ново на Сител
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
