Македонија
7. November 2021 - 14:04

Прекинат пресот на Мицкоски, му се слоши на градоначалникот на Кочани

Прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше прекината откако му се слоши на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Мицкоски веднаш, на својот фејсбук профил, објави дека со Папазов е се во ред.

-Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме, напиша Мицскоски.

Ново на Сител