Македонија
4. May 2017 - 18:28

Прекин во водоснабдувањето утре во Шуто Оризари

Прекинато водоснабдување утре од 8 часот до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од населбата Шуто Оризари.

Како што соопшти РЦУК Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето е поради вградување на затворач (шибер) на водоводна мрежа со пречник од  Ф 300мм во нас. Шуто Оризари.