Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
Околу 160.000 домови во Кан и соседните општини од утрово немаат електрична енергија, откако синоќа изби пожар во електричната централа. Француската полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.
Се претпоставува дека пожарот во централата во општина Танерон е подметнат, но не постои поврзаност на инцидентот со одржувањето на Меѓународниот филмски фестивал што се одржува во Кан, изјави портпаролката на полицијата.
Операторот на француската електрична мрежа РТФ соопшти дека се работи на обнова на мрежата, но оти е непознато кога ќе завршат работите.
На Канскиот фестивал за вечерава е предвидено доделување на наградите. Фестивалската палата има сопствено напојување со електрична енергија поради што фестивалската програма ќе продолжи, но нема да има проекции на филмови, бидејќи кината се вон центарот на Кан.
Фестивалот во Кан се смета за најважен филмски фестивал во светот, заедно со фестивал во Венеција. Годинава 22 филма се натпреваруваат за главната награда Златна палма.
Ново на Сител
-
Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец
-
Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан и погонот Фордо се оштетени во американските напади
-
Хатами: Како и секогаш САД ќе добијат решителен одговор за злосторството против Иран
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија