Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција

Околу 160.000 домови во Кан и соседните општини од утрово немаат електрична енергија, откако синоќа изби пожар во електричната централа. Француската полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат.
Се претпоставува дека пожарот во централата во општина Танерон е подметнат, но не постои поврзаност на инцидентот со одржувањето на Меѓународниот филмски фестивал што се одржува во Кан, изјави портпаролката на полицијата.
Операторот на француската електрична мрежа РТФ соопшти дека се работи на обнова на мрежата, но оти е непознато кога ќе завршат работите.
На Канскиот фестивал за вечерава е предвидено доделување на наградите. Фестивалската палата има сопствено напојување со електрична енергија поради што фестивалската програма ќе продолжи, но нема да има проекции на филмови, бидејќи кината се вон центарот на Кан.
Фестивалот во Кан се смета за најважен филмски фестивал во светот, заедно со фестивал во Венеција. Годинава 22 филма се натпреваруваат за главната награда Златна палма.
Ново на Сител
-

Орбан: Ако Зеленски сака пари мора да ги обнови испораките преку нафтоводот „Дружба“
-

Трамп: Не ни треба ничија помош
-

Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот
-

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот, Израел ја поздрави резолуцијата нарекувајќи ја историска
-

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена
-

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар
-

Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики
-

Нарачала мебел преку социјална мрежа, останала без 550 евра - измамена жена од Арачиново
