Преговорите со Македонија се приоритет за романското претседателство

Отворањето преговори со Северна Македонија во јуни ќе биде приоритет на романското претседателство, но неизвесноста ќе трае сѐ додека не се објави извештајот на Европската Комисија, велат високи дипломатски извори во Брисел за МИА.
Коментирајќи го појадокот со министерот Димитров и вицепремиерот Османи утрово во Брисел, организирано од романското претседателство и од грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, дипломатот вели дека средбата била “многу корисна“ и “покажа голема поддршка од земјите членки за следните чекори како и за отворање дискусија околу реформите“.
-Појадокот беше многу корисен затоа што нашите колеги од Северна Македонија, министерот и вицепремиерот презентираа што е направено во смисла на реформите и беше многу корисно за земјите членки да бидат информирани, велат извори инволвирани во подготвувањето на јунскиот совет на кој треба да се одлучува за преговори со Македонија.
Останува дека е неизвесна агендата на јунскиот совет. Со оглед на претстојните избори за Европскиот Парламент, што ќе се одржат на крајот на мај, и на чувствителноста на европската јавност околу проширувањето, Европската Комисија одлучи да ги одложи извештаите за земјите од Западниот Балкан за првата седмица по изборите, најверојатно на 29 мај.
Советот за општи работи, пак, е предвиден за 18 јуни, што не остава многу време за земјите членки да ги разгледаат наодите на Европската Комисија и да донесат одлука.
-За нас ова е приоритет и вложуваме целосен напор да си го одржиме ветувањето, велат за МИА дипломатски извори.
Прашање, исто така, е како ќе постапи Европската комисија во однос на препораките за отворање на преговори. Иако извршната власт е склона кон создавање пакети на земји, како што беше случај за нашата земја и Албанија во ланските извештаи, сѐ повеќе земјите членки инсистираат дека е суштински секоја земја да биде вреднувана според сопствените заслуги. Ова денеска го повтори и шефот на белгиската дипломатија за МИА.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
