Свет
1. March 2022 - 15:47

Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат утре

Втората рунда преговорите меѓу Украина и Русија ќе се одржи утре, на 2 март, објави украинскиот медиум „Зеркало недели“

Делегациите на Русија и Украина вчера во белорускиот пограничен град Гомел ја одржаа првата рунда преговори која траеше пет часа.

По средбата, како што беше соопштено делегациите се вратиле во своите главни градови на консултации.

Шефот на руската делегација во преговорите Владимир Медински, по средбата изјави дека двете страни договориле разговорите да продолжат и втората рунда да биде одржана во следните денови на полско-белоруската граница.

Засега нема официјална потврда за одржување на втората рунда преговори од ниту еден член на преговарачките тимови од двете страни.