Преглед на вестите од светот
Четворица пациенти загинаа додека повеке од 200 се евакуирани од болница во близина на Рим, каде што избувна голем пожар во текот на ноќта . Жртвите –двајца мажи и две жени биле на возраст мегу 76 и 86 години. Пожарот од засега непознати причини избил на вториот кат од болницата. Протипожарната бригада соопшти дека пожарот е ставен под контрола и во тек е истрага за утврдување на причините.
Земјите членки на ЕУ и Европскиот Парламент ги договорија правилата за вештачка интелигенција во системи како Чат ГПТ и препознавање на лица. Договор!“ ЕУ станува првиот континент кој постави јасни правила за употреба на вештачка интелигенција“, твитна еврокомесарот Тиери Бретон по постигнувањето на договорот. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека Законот за вештачка интелигенција ќе помогне во развојот на технологија која не ја загрозува безбедноста и осните правата на луѓето и на компаниите.
Бугарскиот парламент не го поддржа ветото на претседателот Румен Радев на договорот со кој бугарија беспатно и дава 100 оклопни транспортери на Украина. На 4 декември, претседателот Радев го врати законот за ратификација на договорот во Собранието на нова расправа, откако во ноември пратениците дадоа зелено светло за договорот. Во причините за ветото беше забелажно дека пратениците не биле довлно запознаени со конкретните параметри на доанцијата, што им оневозможува објективно да проценат дали тие возила повеке не се потребни.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар