Loading Video...
Свет
24. May 2024 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Во тек е потрага по преживеани откако се урна двокатен ресторан на шпанскиот остров Мајорка, при што загинаа 4 лица а 16 беа повредени. Се верува дека неколку луѓе се заробени под урнанатините . Несреќата се случила синока во Медуза, ресторан на плажа во градот Палма де Мајорка, популарен меѓу туристите. Жртвите  се Шпанец, две Германки и Сенегалец а сите повредени се холандски туристи соопшти полицијата. Седдумина од повредените се во критична состојба. 

„Вечерва овде се случи колапс во клуб  покрај морето, падна првиот кат, причините се истражуваат вели шефот на  пожарникарите на Мајорка.

Локалните жители велат дека ресторанот  бил отворен пред неколку дена.

„Ова се традиционални куќи од Мајорка кои се заштитени, но им е дадена друга употреба  станбена . Овде се направени многу градежни работи и јасно е дека овие структури не се направени да држат голема  тежина  подлго време, па за жал ова е она што го добиваме, изјави Дани Карбонел, жител на Палма де МАјорка

 

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по неоадамнешнот  атентат е стабилна со благо подобрување, соопштија лекарите од  болницата Рузвелт во Банска Бистрица, каде што е сместен Фицо.  59 годишниот Фицо беше застрелан неколку  пати од непосредна близина на 15 мај на плоштадот во централниот град Хандлова каде што се состануваше владата. Во него пукаше 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој полицијата веднаш го приведе.  На сослушувањето, признал дека мотивот  му бил политички- не се согласувал со  политиката на владата против слободата на медиумите. 

 

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја прекине војната во Украина со договорено примирје кое ги  признава сегашните линии  на фронтот,објави Ројтерс, повикувајќи се на 4 руски извори од окружувањето на Путин. Тој е подготвен да ја продолжи борбата доколку Киев и Западот не одговорат на понудата, стои во текстот на Ројтерс,кој е означен како ексклузивна вест. Според текстот, шефот на Кремљ  во мал круг на соработници при расправата за украинската војна „изразил фрустрации поради обидите на Западот да ги спречат преговорите и од одлуката на украинскиот претседател  Зеленски да ја исклучи можноста за разговори.    Ројтерс разговарал со вкупно пет луѓе кои работат или работеле со Путин на повисоко ниво, во политичкиот и деловниот свет. Петтиот извор не го коментирал замрзнувањето на војната на сегашните линии на фронтот. Претседателот на Украина    постојано изјавува дека мир според условите на Путин не е можен. Зеленски вети дека ќе ја врати изгубената територија на Украина, вклучително и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Тој потпиша декрет во 2022 година со кој формално прогласи за „невозможни“ какви било разговори со Путин.