Loading Video...
Свет
23. April 2024 - 16:31

Преглед на вестите од светот

МНР НА КИНА ГИ ОТФРЛА ИЗВЕШТАИТЕ ЗА КИНЕСКА ШПИОНОЖА ВО ГЕРМАНИЈА

Асистент  на европратеникот Максимилијан Крах од  германсканската  екстремно десничараската партија  Алтернатива за Германија е упасен во Дрезен под сомнение дека шпионирал за Кина. Станува збор за четиресет и три годишниот  Џијанг Гоу кој е германски државјанин веќе неколку години, но има кинески корени.

  • Ова лице постојано   пренесувало информации од Европскиот парламент до кинеската разузнавачка служба. Обинетиот имал пристап до овие информации бидејќи работел за германски пратеник во Европскиот парламнет. Ние, исто така, го обвинуваме  осомничениот за шпионирање на кинески  дисиденти во Германија  изјави Инес Петерсон, германска   обвинителка.

Во притвор завршија уште тројца гермнаци, истот така осомничени дека шпионирале во корист на Кина  и озбедувале информации за воени технологии. Киниеското Министерство за надвореши работи ги отфрли извештаите за кинеска шпионажа во Германија.

  • Кина отсекогаш се придржувала до принципот на немашање во внатрешите работи на другите земји и се надева дека релеватниот персонал на германската страна ќе го напушти менталитетот на Студената војна и ќе престане да го користи таканаречениот шпионски ризик за да се вклучи во антикинската политичка манипулација, изјави портпаролот на МНР на Кина Ванг Венбин.

 

 ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ВО СУДАР ВО ВОЗДУХ И УРИВАЊЕ НА ДВА МАЛЕЗИСКИ ВОЕНИ ХЕЛИКОПТЕРА

Два хеликоптера на малезиската морнарица се судрија во воздух и се урнаа за време на проба за воена парада, при што загинаа сите 10 членови на екипажот, извести морнарицата. Инцидентот се случил утрово во поморската база Лумут во градот Лумут.По сударот едниот хеликоптер со  седум член екипаж паднал на  атлетската патека на воениот стадион, додека другиот хеликоптер се урнал во воениот базен. Морнарицата веке почна истрага за причините за инцидентот.

 

ВО ХРВАТСКА ПРЕГОВОРИ ЗА ИДНАТА  ВЛАДА

Техничкиот премиер на Хрватска и претседател на Хрватската демократска заедница Андреј Пленковиќ изјави дека се во тек преговори  со десничарското Татковинско движење за формирање парламентарно мнозинство, а веќе имале разговори со пратениците на националните малцинства, со кои ХДЗ и досега соработуваше во  владата.  Ние ке ги обезбедиме потребните 76 пратеници  и ќе ја составиме  новата влада, а не опозицијата на чело со Социјалдемократската партија истакна Пленковиќ. Победничката  ХДЗ на изброите освои 61 мандат и потребни се 15 за да има парламнетанрано мнозинствто.