Loading Video...
Свет
18. April 2024 - 19:56

Преглед на вестите од светот

Исходот од парламентарните избори во Хрватска, покажува дека формирањето влада нема биде едноставно. Со осовени 61 од 151 место во саборот, Конзервативната ХДЗ е победник на изборите.

Но, за да го формира новото парламентарно мнозинство, треба да обезбеди поддршка од најмалку 15 партеници. Премиерот на Хрватска и лидерот на ХДЗ Пленковиќ најави дека наскоро ќе објави со кого ке формира влада. Но, формирање влада најави и Сојузот на центристички и левичарски партии предводен од Социјалдемократска партија иако освои само 42 мандати. Кандидат за премиер на СДП е претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, кој на овие избори дејствуваше како неформален лидер на опозицијата.

- Резултатите не се такви какви што сакавме да бидат. Но, исто така, покажаа дека две третини од Хрватите не се задоволни со она што се случува во земјата и сакаат промени, рече Пеѓа Грбин – лидер на партијата СДП.

Екстремно десничарското Татковинско движење доби 14 мандати. Од таму порчаа дека нема да влезат во влада во која би била српската партија и лево либералната Можеме. Десноконзеравтивниот Мост пак, со 11 мандати смета дека нивниот кандидат треба да биде идниот премиер. Според аналитичарите сето ова навестува дека формирањето влада нема да биде едноставно. Изборите се одржаа во време кога Хрватска, членка на Европската Унија и НАТО, се бори со највисоката стапка на инфлација во еврозоната, недостаток на работна сила, илегална миграција и извештаи за широко распространета корупција.

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел одлучија да ги засилат санкциите против Иран за неодамнешниот напад врз Израел. На удар ќе се најдат иранските компании поврзани со развој и производство на беспилотни  летала и проектили. Во наредните денови и Соединетите држави ќе воведат нови казни за Иран.

Во меѓувреме весникот Тајмс оф Израел, повикувајќи  се на неименуван египетски функционер, објави дека Соединетите држави дале зелено светло за копнената офанзива на Израел во градот Рафах во Газа во замена за откажување од плановите за голем израелски напад врз Иран. Според Тел Авив, во Рафах се кријат лидерите на Хамас а нејверојатно и изарелксите заложнцици.  Но во градот има и над 1 милион цивили кои побегнале од другите делови на енклавата.  

Претставничкиот дом на САД, на 20-ти април ќе го одржи долгоочекуваното  гласање за обезбедување воена помош од 61 милијарда долари за Украина. Гласањето е по повеќе од два месеца откако пакетот беше одобрен во Сенатот. Претседателот Џо Бајден побара од домот да не се колеба и да ја одобри помошта. Според Бајден со тоа ќе и помогнат на украинската војска да продлжи ефиканско да се брани.  Новата амерканска воена помош за Украина нема да ја промени сиутацијата на фронтот, оцени Кремњ. 

- Ова на никаков начин не може да влијае на ситуацијата на борбените фронтови. Сите експерти, па дури и случајните набљудувачи сега можат со голо око да ја видат ситуацијата на фронтот, што е далеку од поволно за украинската страна, така што тоа не може ништо да промени, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.