Loading Video...
Свет
9. April 2024 - 12:21

Преглед на вестите од светот

Продолжува потрагата по телото на убиената двегодишна Данка Илиќ.  Полицијата со денови ги пребарува, посетува и прекопува сите места за што е можно поскоро да го најде телото на девојчето. Дополнително потрагата ја нарушува и ненадејната смрт на братот на убиецот на девојчето, Далибор Драгијевиќ, кој важеше за еден од клучните сведоци бидејќи призна дека му помогнал на братот на Дејан да се ослободи од телото. Тоа што времето одминува не оди во прилог на потрагата изјави,  полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ.

Нема на повидок шанси за примирје во Газа. Хамас смета дека израелскиот предлог не ги задоволува барањата на палестинската страна.

Официјалниот претставник на Хамас, Али Барака, во изјава за британските медиуми истакна дека движењето го отфрла израелскиот предлог за прекин на огнот претставен на разговорите во Каиро. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, соопшти дека е утврден датумот за почеток на офанзивата на израелските сили (ИДФ) на Рафа, град на самиот југ на Појасот Газа, каде што се побегнати мнозинството палестински бегалци од другите делови на енклавата.

Во разговорите во Каиро е вклучен и директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, кој претставил нов предлог на преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименуван извор. Присуството на Барнс е показател за зголемениот притисок од САД,  да се постигне договор со кој ќе се ослободат израелските заложници држени во Газа и ќе се обезбеди хуманитарна помош за Палестинците по шестмесечниот конфликт.

Русија и Кина ќе продолжат да соработуваат во борбата против тероризмот, изјави денеска во Пекинг шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, по разговорите со неговиот кинески колега Ванг Ји. Притоа Лавров и се заблагодари на Кина за сочувството по терористичкиот напад на 22.март.

Во февруари 2022 година, неколку дена пред руската инвазија на Украина, Москва и Пекинг објавија партнерство „без граници“ и оттогаш одржуваат силни врски. Лавров и Ванг разговараа и за безбедноста во азиско-пацифичкиот регион и војната во Украина.

Милиони луѓе вчера го гледаа реткото целосно затемнување на сонцето, кој привремено го затемни денот од Мексико до Канада пред САД.

Настанот почна на брег на Мексико, патеката потоа почна да ја минува првата од 15-те погодени американски држави, од Тексас до Мејн, по што се упати кон источна Канада, каде што го заврши своето патување.

Сенката на Месечината помина над Америка за околу 90 минути. Целосните затемнувања се случуваат кога Месечината доаѓа директно помеѓу Земјата и Сонцето. Сонцето е околу 400 пати поголемо од Месечината, но и 400 пати подалеку, па изгледа дека двете ѕвезди се слични по големина.