Loading Video...
Свет
27. March 2024 - 16:43

Преглед на вестите од светот

Шестмината градежни работници кои исчезнаа по вчерашното уривање на мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се веројатно мртви, но потрагата во водите на реката Патапско ќе продолжи и денеска соопштија локалните власти. Работниците поправале дупки на патот на мостот во мометот на несреката. Речиси три километри долгиот мост  се урна са замо неколку секунди откако во него удри големиот товарен брод  Дали. Градежниците паднале во водите од висина од 50 метри. Бродот изгубил струја и испратил повик за помош неколку моменти претходно – но возел премногу брзо за да го промени курсот. Нуркачи од Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот. Анализата треба да покаже дали т.н. валакно  гориво имало улога во во губењето на мокта на бродот. Пристаништето во Балтимор е деветто по големина американско пристаниште за производи од странство, преку кое годишно минуваат околу 52 милиони тони роба.

 

Најмалку пет лица загинаа, а над 20 се повредени кога автобусот со кој патувале излетал од автопатот во близина на германскиот град Лајпциг  и притоа се превртел на страна. Автобусот на позната компанија  Фликсбус со двајца возачи и 53 патници утрово во 8 часот тргнал од Берлин и преку Нирнберг требало да оди за Цирих. Причината за несреќата се уште не е позната.

 

Хамас му порача на Изарел дека ќе ги држи заложниците додека Тел Авив не се согласи на траен прекин на огнот, не ги повлече своите сили од Газа и да  ослободи стотици палестински затвореници. Израелскиот премиер Нетањаху ги обивни Соедините држави дека резолуцијата на ОН за итен прекин на огнот во Газа  го охрабирила Хамас да поставува нереални барања. Вашингтон негира дека резулуцијата им наштетила на преговорите.

-Таа изјава е неточна во речиси секој поглед и е неправедна кон заложниците  и нивните семејства. И можам да ви кажам дека тој одговор беше подготвен пред гласањето во Советот за безбедност на ОН, а не по него. Значи, за Соединетите Држави, нема да се вклучиме во реторичко одвлекување на вниманието по ова прашање. Ќе продолжиме да работиме за да се обидеме да ги вратиме заложниците дома“.Метју Милелр портпарол на Стејт Департментот.

Соединетите држави порачаа дека ќе продолжат со фрлање на хуманитарни пакети од воздух во појасот Газа , и покрај повикот  на Хамас за итно прекинување на помошта од воздух  откако вчера Најмалку 12 лица се удавија во морето недалеку од брегот на северна Газа додека се обидуваа да стигнат до пакетите со храна. 

Тврди дека воените авиони гаѓале воена база на Хезболах каде се подготвувале напади на израелска територија.