Loading Video...
Свет
26. February 2024 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Во организација на земјоделските здруженија од Белгија за денеска во Брисел се најавени нови протести на земјоделците. Протестите се одржуваат во исто време односно се совпаѓаат со заседанието на министерскиот Совет за земјоделство и рибарство на ЕУ ќе биде на плоштадот Шуман, близу зградите на институциите на ЕУ.

Бриселската полиција соопшти дека поради најавениот протест, од 6 часот утрово за сообраќај ќе бидат затворени пристапните улици кон зградите на Советот на ЕУ и Европската комисија, а можно е да има блокади или застои и на околните улици.

Блокадите би можеле да траат до доцните попладневни часови, полицијата им препорача на жителите на Брисел да не се движат со своите возила во правец на т. н. европски кварт на градот и наместо тоа да го користат јавниот превоз. Целта на денешниот протестен собир е да се изрази „незадоволство од неодамнешните одлуки на Европската комисија“, кои беа донесени како одговор на земјоделските протести во Брисел одржани на 1 февруари.

 

Израелските сили (ИДФ) убија повеќе од 30 вооружени Палестинци во населбата Зејтун во градот Газа, повеќе од 10 во централниот дел на енклавата и други во јужниот град Кан Јунис, информира армијата во соопштение во кое се сумираат операциите во текот на изминатите 24 часа. Воедно Израелската воена офанзива врз јужниот палестински град Рафа може да биде „одложена“ пред се доколку се постигне договор за повеќенеделен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека апсолутна победа над Хамас би можела да се постигне неколку недели по почетокот на офанзивата.

Нетанјаху за Си-Би-Ес потврди дека разговорите за еднонеделниот прекин на огнот и ослободувањето на заложниците се во тек, без да даде дополнителни детали.

Преговорите за примирје продолжуваат на ниво на специјални претставници на заинтересираните страни, а разговорите ќе продолжат во Каиро како што пренесува државната телевизија Ал Каиро. Во постигнувањето на договорот учествуваат Египет, Катар и САД, а присутни се и претставници на Израел.

Американските медиуми пренесоа дека Нетанјаху деновиве изјави дека ќе му предложи на воениот кабинет да ги одобри оперативните планови, што вклучуваат евакуација на палестинските цивили од Рафа на друга локација во Појасот Газа.

Палестинскиот премиер Мохамед Стајех изјави дека поднел оставка и својата одлука му ја пренел на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Оставка Стајех ја поднел со цел да се изгради поширок консензус меѓу Палестинците за политичките активности по израелската војна против Хамас во Појасот Газа.

Овој потег доаѓа во време на зголемен притисок на САД врз претседателот Абас да ја реорганизира палестинската самоуправа во време кога се интензивираат меѓународните напори за прекин на борбите во Појасот Газа и започнување на работа на создавање политичка структура за управување со енклавата по војната.