Loading Video...
Свет
25. November 2026 - 12:20

Преглед на вестите од светот

Русија „неизбежно“ ќе одговори на континуираните украински напади врз нејзините рафинерии за нафта, изјави рускиот претседателот Владимир Путин додавајќи дека сака владата да разговара за дополнителни безбедносни мерки за енергетските објекти.

Путин истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп експлицитно побарал од Украина да престане да напаѓа руски рафинерии.

-Гледаме дека режимот во Киев не ги запира нападите врз нашите рафинерии за нафта и покрај повикот и директното барање од американскиот претседател да се воздржи од вакви напади. Сепак, властите во Киев не ги слушаат таквите совети. Сè продолжува како и претходно. Во овој поглед, морам да напоменам дека нашите одмазднички мерки се неизбежни. Секој треба да биде свесен за ова.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар го поздрави „нов почеток“ во билатералните односи за време на посетата на каде што разговараше за проширување на трговските и транспортните врски со претседателот Володимир Зеленски. Средбата одржа во Ужгород, западна Украина.

Унгарија, под водство на нејзиниот претходен лидер, Виктор Орбан, претставуваше најголема пречка во ЕУ за напорите на Киев за членство, но Унгарија ги постави билатералните врски на нова основа. Посетата во вторник беше оценета како централна за надежите на Киев за забрзување на нејзината кандидатура за членство во ЕУ и зајакнување на економските врски со централна Европа.

Зеленски рече дека двајцата лидери разговарале за зголемување на извозот на дизел од Унгарија во Украина - кој владата на Унгарија го рестартираше оваа година откако беше суспендиран од Орбан. Двајцата лидери, исто така, се согласија за проширување на железничкиот транспорт меѓу нивните земји, рече Зеленски, без да даде дополнителни детали.

-Очигледно, во моментов има војна, а енергијата е едно од клучните прашања за нас. Мислам дека можеме да помогнеме и во оваа област - енергетскиот сектор. Разговаравме и за снабдувањето со дизел за Украина. Искрено сме за ова - навистина ни е потребно.

Зеленски и Маѓар имаа посета и на болница и училиште каде заедно со учениците одиграа и малку одбојка.