Loading Video...
Свет
22. February 2024 - 19:50

Преглед на вестите од светот

Еден Израелец загина а осум се повредени во терористички напад  што утрово се случи на автопат во близина на Ерусалим, соопштија израелските власти. Според полицијата, нападот го извршиле тројца Палестинци во близина на контролен пункт.

Тие пукале од автоамтско оружје врз колона со возила. Израелските безбедносни сили ги неутрализирале напаѓачите. Хамас издаде соопштение во кое го пофали нападот, нарекувајќи го природен одговор на војната во појасот Газа. Утрово Израел изврши нови воздушни напади врз градовите Рафах и Кан Јунис во јужна Газа, додека продолжуваат преговорите помегу Израел и Хамас за ново примирје.

Во бомбрдирањето на појасот Газа во текот на ноќта биле убиени 99 цивили, соопшти Министертството за здравство на Газа. Светската здравствена организација алармира дека Газа станала зона на смррта и дека е потребен итен прекин на огнот на огнот. 

Парламентот на Албанија го одобри договорот со Италија за отворање на два миграциски центра на албанска територија, и покрај протестите на опозициските пратеници и групите за човекови права. Седумдесет и седум пратеници во 140-члениот парламент гласаа за договорот. Во центрите Италија ќе ги сместува илегалните мигранти кои ќе бидат пресретнати во обид да дојдат до италијанскиот брег додека Рим да одлучи кои од нив ќе добијат азил.

Мигрантите на кои ќе им бидат обиени барањата за азил, ќе бидат депортирани. Центрите ќе бидат во Шенѓин и во Ѓадер и првично ќе можат да примат до 3000 мигранти. Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите, кои треба да профункционираат оваа пролет, за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра. Овој договор е прв случај на земја која не е членка на Европската унија да прифати мигранти за членка на ЕУ.