Loading Video...
Свет
7. December 2025 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Најмалку 25 лица загинале во голем пожар во ноќен клуб во индиската сојузна држава Гоа. Меѓу жртвите има и четворица странски туристи, соопштија локалните власти.  Повредени се уште седум лица, од кои едно е во критична состојба.  Пожарот, кој избувнал околу полноќ, бил предизвикан од експлозија на плинска боца во кујнскиот простор на клубот.  Гоа е една од најпопуларните туристички дестинации во Индија, позната по своите песочни плажи, ноќен живот и тропска клима што привлекува домашни и странски туристи. 

На лондонскиот аеродром Хитроу утринава се случи сериозен инцидент. Група мажи попрскале повеќе луѓе  со течност слична на солзавец, а потоа избегале. Настанот се одвил на паркингот на  Терминал 3, по што на местото веднаш реагирале бројни полициски тимови, брза помош и противпожарни служби. Пет лица се однесени во болница, вели службата за брза помош, а уште 16 се згрижени на местото на настанот. Итната реакција на службите резултирала со приведување на еден осомничен. Полицијата продолжува со потрагата по останатите учесници.  Полицијата вели дека станува збор за изолиран инцидент и не е поврзан со тероризам или протест.

Божиќната елка во Витлеем првпат осветлена од почетокот на војната во Појасот Газа . На настанот се сообраа голем број верници.  Властите во Вителеем  одлучија оваа година  да го   обноват  одбележувањето на Божиќ со сите свечености

По неодамнешното примирје помегу Изрел и Хамас , властите во Вителее одлучија оваа година  да го   обноват  одбележувањето на Божиќ со сите свечености.  Во текот на двете години војна помегу Изарел и Хмас, сите јавните прослави за Божик беа откажани во родното место на Исус Христос .