Преглед на вестите од светот
Бурата Бајрон предизвика катастрофални поплави и проблеми во патниот сообраќај во Грција. Девет региони, вклучително и Атика, се под официјлано предупредување за екстремни услови. Цели населени места се под вода. Спасувачките екипи со чамци ги евакуираат повозрасните жители. Затворени се сите основни и средни училишта во Атика.
Автопатот Атина – Коринт утрово беше затворен во еден дел поради свлечишта и насобрана вода, а многу други патишта се поплавени и непроодни, пренесоа грчките медиуми. Невремето со обилен дожд и грмотевици почна вчера попладне, траеше во текот на ноќта и продолжува и денеска.
Путин е во прва посета на Индија по четири години. Премиерот Моди го пречека гостинот со прегратка и ракување на аеродромот во близина на Њу Делхи. Во фокусот на разговорите зајканување на трговската, одбранбената и вселенската соработка помеѓу Москва и Њу Делхи, и покрај притисокот од Западот врз Њу Делхи да ги намали своите децениски блиски врски со Москва.
- Г-дин премиер (Нарендра Моди) постојано нагласуваше во нашите лични разговори дека Индија има огромен и растечки потенцијал во многу области. Но, досега тие не се искористени како што би сакале. И оваа желба е од двете страни. Како резултат на денешните разговори, ја усвоивме програмата за руско-индиска економска соработка. Овој сеопфатен документ има за цел да ја исполни целта поставена заедно со г-дин Моди за зголемување на трговијата на 100 милијарди долари до 2030 година, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
На темата Украина, Путин го информирал Моди за активностите на САД и Русија со цел да се постигне можно мирно решение помеѓу Москва и Киев. Индија ги поздравува сите напори за мирно решавање на конфликтот во Украина. Индија е на страната на мирот, рече Моди на заедничката прес конфренеција со Путин.
- Благосостојбата на светот лежи само на патот на мирот. Сите ние треба да бараме мирни патишта. Гледајќи ги напорите што се прават во последните неколку дена, цврсто верувам дека светот ќе се врати на патот на мирот, изјави Нарендра Моди, премиер на Индија.
Посетата на шефот на Кремњ на Индија се оддржува во услови на напнатност помеѓу САД и Индија, откако Вашингтон воведе дополнителни 25 проценти тарифи на стоки од Индија поради нафтата што Индија ја купува од Русија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
