Преглед на вести од светот
Израел ја нападнаа Газа утрово додека беснеат борби на теренот, при што загинаа 103 лица, според Министерството за здравство на територијата управувано од Хамас.
Израел продолжи со бомбардирање на Газа, додека Вашингтон стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН каде се бараше прекин на огнот во палестинската територија. Напорите за посредување досега не успеаја да обезбедат примирје за запирање на борбите.
Ветото предизвика критики од земјите како Кина, Русија, Саудиска Арабија, па дури и блиските сојузници на САД, Франција и Словенија. Хамас рече дека американското вето е еднакво на „зелено светло за окупацијата да изврши повеќе масакри“.
Водачите на глобалните хуманитарни групи рекоа дека копнената офанзива може да го претвори Рафа во „гробишта“, предупредувајќи на „навистина незамисливите“ последици од напад од целосен обем.
Израел рече дека доколку сите заложници не бидат ослободени до почетокот на Рамазан на 10 или 11 март, тој ќе продолжи со својата офанзива за време на светиот муслимански месец, вклучително и во Рафа.
Руски ракетен напад во вторникот повреди шест лица во станбена област. При ракетниот беше погодена станица за прочистување на водата. Краматорск, е град во близина на првите линии на фронтот во регионот Доњецк. Меѓудругото оштетени се прозорците и внатрешноста на продавницата во станбена зграда спроти местото на ударот.
Илјадници луѓе се собраа пред седиштето на владата во главниот град на Албанија, Тирана. Припадниците на интервентната полиција за справувања со немири беа повикани да ја опколат канцеларијата на премиерот Еди Рама.
Опозициските демонстранти ја нападнаа зградата на албанската влада со молотови коктели и камења, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност во организиран криминал и корупција, откако нивниот лидер беше ставен во домашен притвор. Засега нема извештаи за повредени, сериозни штети или уапсени.
Централниот плоштад во Атина, исполнет со илјадници земјоделци од цела Грција кои се собраа паркирајќи ги своите трактори пред парламентот на најголемиот протест досега против зголемените трошоци и средствата за живот уништени од екстремните временски услови, пишува Ројтерс.
Според полициски проценки бројката се движела околу 130 трактори и 8.000 земјоделци. Освен што се справуваат со високите трошоци за енергија и производство, грчките земјоделци велат дека се штети им нанеле и временските услови поврзани со климата, непредвидливите поплави, екстремните горештини и шумските пожари, кои уште повеќе го отежнуваат одгледувањето на земјоделските култури.
Земјоделските синдикати, според Ројтерс, со недели водат разговори со премиерот Киријакос Мицотакис, барајќи поголема отштета, а во исто време тврдат дека досега најавените мерки не одат доволно далеку за да ја ублажат нивната загриженост. Инаку од синоќа од 23 часот е нормализирано влегувањето во Грција преку преминот Евзони.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар