Македонија
16. February 2019 - 11:43

Прегазено 10-годишно дете во Штип додека возело трицикл

Вчера во 14,40 часот во Штип на улица „АСНОМ“ Б.Н.(19) од Штип управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ удрил во 10- годишно дете од Штип, кое управувало велосипед-трицикл.

Детето е пренесено во Клиничка болница Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.