Македонија
15. May 2023 - 14:12

Прегазен пешак во центарот на Скопје - Жртвата било лице од Словачка

Вчера вечерта, во 20.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот ВМРО во Скопје, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х. (34) од Скопје, удрило во С. П. (33) од Словачка.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот С. П., констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје