Македонија
4. August 2019 - 15:28

Прегазен пешак на Партизанска во Скопје

На 03.08.2019 во 10,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ патничко моторно возило „Форд галакси“ со бугарски национални ознаки удрило во пешакот В.Д.(78), по што го напуштило местото на настанот. В.Д. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.