Предупредување за инцидент во канадска нуклеарна централа по грешка испратено до милиони луѓе
Предупредување за инцидент во нуклеарна централа во јужна Канада беше по грешка испратено до мобилните телефони на милиони граѓани синоќа, соопштија официјалните лица.
Во предупредувањето се наведува дека властите реагирале на инцидент во нуклеарната централа „Пикеринг“, една од најголемите во светот.
Речиси два часа подоцна, на мобилните телефони на граѓаните им беше испратена нова порака – дека првичната, со предупредување, е грешка. Засега не е познато што доведе до грешка.
Првата порака, испратена околу 7,30 часот по локално време, алармираше за инцидент кај луѓето на 10 километри од нуклеарната централа, што е околу 50 километри од Торонто.
„Пријавен е инцидент во нуклеарната централа „Пикеринг“. Нема абнормални емисија на радиоактивност од станицата и службите за итни случаи реагираат на ситуацијата. Луѓето во близина на нуклеарната централа „Пикеринг“ НЕ треба во овој момент да преземат мерки на претпазливост“, пишуваше во предупредувањето.
Во другата порака испратена во 9.11, пишуваше дека „нема активна нуклеарна ситуација“.
Градоначалникот на Пикеринг, Дејв Рајан побара „темелна истрага“.
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект