Предупредувачки протест на вработени во Царината, директорот Богоев ги повика на средба
Вработени во Царинската управа, членки на Синдикатот на УПОЗ, денеска во тек на паузата одржаа предупредувачки протест пред зградата на управата, барајќи 30 проценти повика плата.
Во тек на протестот тие добија покана за средба со директорот на Царината Стефан Богоев, кој истакна дека не очекува во ниту еден случај да не дојде до затворање на гранични премини,
- Со службите на Царинска управа, ќе разговараме што досега е направено, бидејќи и досега се направени работи во поглед на работничките права и условите за работа. Во координација со Управата за јавни приходи, која има сличен проблем, ќе разговараме со Министерството за финансии, изјави Богоев.
Како што појасни Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, вработените во Царината тие бараат правилна примена на член 67 став 3 од Закон за Царинска управа, во кој е наведено дека царинските службеници добиваат 30 проценти од платата како надополнување на редовната плата, поради посебните услови од работа како и поради посебна одговорност што произлегува од работното место.
Тој рече дека иако овој став е дел и од Колективниот договор, ниту еден вработен никогаш не го добил тој додаток.
- Со Законот за буџетите и со автентичното толкување на овој закон од Собранието, Министерството за финансии и сите органи во состав на Министерството, добија додаток на плата во висина од 30 проценти, изјави Деаноски.
Овие вработени кои протестираат, дополни тој, го полнат државниот Буџет секоја година повеќе од 51 процент, носат оружја, вршат претреси, изложени се на висок ризик и не бараат ништо повеќе од тоа да се почитува законот и колективниот договор.
Деаноски потенцираше дека протестот е за време на паузата и со него не се нарушува работниот процес, но оти не е исклучена можноста и за генерален штрајк на ниво на синдикат воопшто.
Очекуваат добар прием од новиот директор и решавање на проблемот, потсетувајќи дека кога бил градоначалник, со него бил склучен многу добар Колективен договор за вработените во Општина Карпош.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер