ОН предупреди на можноста Земјата да остане без вода

Итен повик за дејствување со цел планетата Земја да не остане без вода, упатија голем број политичари и експерти кои учествуваат на Светскиот форум за вода во Бразил.
- Едноставно нема време за губење, изјави при отворањето на осмото издание на Форумот, претседателот на Бразил, Мишел Темер.
Државата, каде се наоѓаат 18 проценти од светските резерви на питка вода, од 2012 година во североисточниот дел на земјата ја има најдолгата суша во својата историја.
- Има консензус: животот на Земјата е под закана доколку не ги почитуваме границите на природата, потенцираше Темер.
ОН претстави вознемирувачки документ, според кој, речиси половина од населението на планетата, односно 3,6 милијарди лица живеат во региони каде може да нема вода најмалку еден месец во годината. Според прогнозите, до 2025 година под таква закана ќе бидат 5,7 милијарди лица.
Форумот, кој се одржува под мотото „да си ја поделиме водата“ трае до петок, а на него учествуваат 40.000 лица, меѓу кои најмалку 15 шефови на држави или влади, 300 градоначалници од целиот свет, како и десетици научници и експерти.
Ново на Сител
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
-

Трамп: Убиен е заменик-лидерот на Исламска држава во американско-нигериска операција
-

Врховниот суд на САД го отфрли барањето на демократите од Вирџинија за прераспределба на изборните единици
