Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија

Во свечената сала на Македонската филхармонија вечерва ќе се одржи традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, збогатен со настап на музичари од оркестарот на Вооружените сили на Романија.
Концертот, организиран од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, кој ќе се одржи под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“ ќе понуди репертоар со дела од светски реномирани композитори, како и композиции од македонски и романски автори.
На настанот, како што информнираат од АРМ, ќе присуствуваат претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, заменик-претседателот на Владата Љупчо Димовски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор, како и активни и пензионирани генерали.
Концертот претставува континуитет на соработката меѓу Воениот оркестар на Армијата и оркестрите од сојузничките армии, кои заеднички настапуваат и создаваат музички мостови на пријателство.
Граѓаните ќе можат да го проследат концертот во живо на Првиот канал на Македонската радио-телевизија од 20:00 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
