Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
Во Македонската филхармонија во Скопје во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата вечер ќе се одржи предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД.
Како што информираат од МО, на концертот, кој оваа година се изведува под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, ќе се изведе репертоар од различни нумери од познати светски автори: Жорж Бизе, Јоханес Брамс, Џорџ Гершвин и Џоакино Росини, како и повеќе нумери од познати композитори од земјите на оркестрите.
-На предновогодишниот концерт ќе присуствуваат претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри во Владата, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор, активни и пензионирани генерали на Армијата, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот и командите на Армијата и други гости, се вели во денешното соопштение од Министерството за одбрана.
Оттаму додаваат дека оркестарот на македонската Армија, во духот на соработката, со оркестрите од сојузничките армии веќе неколку години одржуваат заеднички концерти.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор