-->
-->
Предложени парични казни за две лица за непочитување на полицискиот час во Ресен
-->
Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство – Ресен поведе постапка против две лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
– До Основниот суд – Ресен поднесени се предлози за издавање казнени налози со кои за лицата се бараат парични казни во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност, соопштуваат од Јавното обвиителство.
Обвинетите, посочуваат од ЈО, на 13 мај, за време на полицискиот час се движеле со возила без да поседуваат дозвола за тоа, при што биле сопрени од страна на полициски службеници од ОВР – Ресен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ