Предложени мерки на претпазливост за две лица од случајот „Тендери“

До Основниот суд Скопје 1 вчера се поднесени предлози за мерки на претпазливост за две осомничени лица во истрагата со случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), соопшти денеска СЈО.
Со предлозите е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно, односно секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.
- Воедно, за двете осомничени лица е побарано определување и мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство, се вели во соопштението.
„Тендери“ е истрага што СЈО ја објави вчера, а се однесува за изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, заедно со истрагата „Топлик“ во врска со продажба на градежната парцела за изградба на резиденцијалната насeлба „Сончев град“.
Ново на Сител
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
