Македонија
14. May 2025 - 16:47

Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка

Предлог измените на СДСМ не добија зелено светло од мнозинството за да се најдат на дневниот ред. Само 19 пратеници гласаа ЗА, по што од партијата ја обвинија власта дека не сака да овозможи законска основа за конкретна помош и поддршка на погодените семејства. Координаторот на пратеничката група на СДСМ посочи дека ова не е само морална туку и институционална обврска кон овие граѓани. Според Спасовски, законот освен за Кочани се однесувал и на семејствата чии блиски загинале или се повредиле во претходни слични трагедии. 

Со овој предлог закон е популистички и опозицијата ја злоуптребува трагедијата од Кочани за ситни политички поенти обвинија од ВМРО ДПМНЕ. Според владејачката партија измените во голем дел се неприменливи а делумно се преклопувале со актуелни законски решенија.

Од власта велат  дека веќе имаат конкретен план за помош за семејствата на настраданите и повредените лица преку дуплирање на средствата од Владата.