Предлог буџетот на Собранието за наредната година 813 милиони денари

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска го усвои Предлог - буџетското барање за 2016 година според кој проектираните средства што му се потребни на Парламентот за следната година се на ниво од 813 милиони 130 илјади денари.
Раководителот на Секторот за финансии во Собранието, Богданка Поповска образложи дека проектираните средства се повисоки за 22,3 проценти споредбено со средствата што ги имале на располагање во 2015 година.
- Имајќи ги предвид нашите цели зацртани за 2016 година не можеме да одиме во обем како минатата година, односно потребата на средства за да функционира Собранието се нешто повисоки од она што ги имавме во 2015 година, рече Поповска.
За редовно функционирање на Собранието, односно за плати и надоместоци за вработените се планирани 299 милиони 890 илјади денари, а за патните трошоци и за учество на седници 80 милиони денари. За канцелариите за контакт со граѓаните треба да бидат издвоени 12 милиони 600 илјади денари, за доградба на собраниската зграда планирани се 220 милиони 162 илјади денари, додека за оградата на објектот 15 милиони денари.
Пратеникот Рамиз Мерку побара да се опремат канцелариите на пратеничката група на ДУИ кои, како што рече, немаат услови за работа, на што генералниот секретар на Собранието Жарко Денковски појасни дека собраниската зграда годинава треба да биде завршена и оти канцелариите ќе бидат опремени со нов мебел и нова информатичка опрема.
- Изградбата на зградата на Собранието годинава дефинитивно треба да заврши така што проблемот со канцелариите и со техничката опременост и мебел за кратко време ќе се надмине, рече Денковски.
На денешната седница беше усвоен и Стратешкиот план на Собранието за периодот 2016-2018 година.
Ново на Сител
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
-

Во Берово утрово измерени - 4 степени
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
-

Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Индонезија
-

Трамп: Не можете едноставно да ги исклучите дата центрите, блокирањето технолошки проекти ќе ѝ даде предност на Кина
