Предизвикал пожар во својата и во куќата на брат му – истрага против жител на тетовско Мерово
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило „тешки дела против општата сигурност“.
-На 9 април, осомничениот 57-годишник, намерно иницирајќи пожар во куќи во селото Мерово, предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Во вечерните часови на критичниот ден, тој најпрвин влегол во куќата на неговиот брат кој со неговото семејство живее во странство. Таму со запалка го запалил килимот во една од собите. Потоа осомничениот влегол во сопствената куќа и со запалка ја запaлил завесата во една од собите. На крај, предизвикал пожар и во плевна во близина на неговата куќа, причинувајќи голема имотна штета, и го напуштил местото на настанот, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека присуството на осомничениот во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди со друга мерка.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
