Балкан
31. October 2015 - 10:46

Предбрачни договори во БиХ: Чиста сметка долга љубов

Предбрачен договор е договор кој го склучуваат сопружниците пред стапувањето во брак. Со овие договори се уредуваат нивните имотни односи. Со други зборови, со предбрачниот договор идните споружници го распоредуваат својот моментен, но и иден имот во случај на развод.

Со склучување на овие договори се настојува да се избегнат непотребни судски процеси доколку дојде до развод на бракот. Некои ќе речат дека се е лесно додека има љубов и пари, но кога тие ќе ги нема, почнува да се дели се. Поради тоа старата поговорка „чиста сметка, долга љубов‟ целосно го оправдува потпишувањето на ваков договор.

Склучувањето на предбрачни договори е релативно нова пракса кај нас, вели адвокатката Алма Прњаворац.

- Со донесувањето на Законот за семејство во Федерацијата БиХ од 2005 година се вклучува и можност за договор помеѓу идните брачни партнери за имотните односи. Тоа овозможува потпишување на предбрачен договор или остава можност за договор во текот на бракот. Предбрачниот договр ги регулира односите во идниот заеднички живот. Предбрачниот договор би требало да ги отстрани сите недоразбирања на кои може да се наиде во текот на бракот, истакнува Прњаворац.

- Почнувајќи од издавање средства за заеднички кредити до имоти кои се стекнати пред бракот, па и имоти кои се купени пред бракот, но не се откупени, додава таа.

Адвокатката Прњаворац смета дека е важно за овие прашања да се посоветувате кај адвокат или нотар. Нејзино мислење е дека луѓето лесно стапуваат во брак, не размислувајќи за многу важни работи, па и имоти поради кои често во текот на понатамошните години доаѓа до проблеми.

- Голем број брачни недоразбирања се јавуваат поради имотите. Нашата пракса покажува дека до промена во односите на партнерите доаѓа во случај на губење на работата. Тогаш ја тестирате реалната состојба. Во тој случај добро е да сте се договориле порано. Личноста која има искрени намери обично во овие инцидентни состојби дознава дека е сама, вели таа.

Постојат и случаи кога семејствата на идните сопружници инсистираат на склучување на предбрачен договор со цел семејството што е поимотно да го заштити својот имот во случај на понатамошни проблеми.

БиХ е меѓу последните земји кои ја воведоа во пракса оваа одредба од Законот. Во пракса потпишување на овие договори чини од 300 до 2.000 КМ. Не се прави проверка на сопственост, станува збор за договор за поделба на имотот на идните сопружници пред склучување на бракот, ни раскажува Алма Прњаворац.

- Со овој договор не се рапоредува само имотот, односно и приходите, од купување на стан, автомобил, школување на децата, додава таа

Невнимание на брачниот партнер, погрешни вложувања на еден од нив може да го загрози целото семејство. Адвокатката ни напомена дека нашиот систем е таков дека се што не може да се наплати од еден партнер, се наплатува од другиот партнер.

Иако во тој случај нема многу да помогне, предбрачниот договор сепак ќе го олесни судскиот процес.

Радио Сараево - Сараево