Македонија
31. October 2017 - 8:23

Предавање за новите тенденции во лексикологијата во МАНУ

Предавање за новите тенденции во лексикологијата ќе одржи српската универзитетска професорка Рајна Драгичевиќ денеска во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.

Рајна Драгичевиќ е редовен професор на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград.

Предавањето е во рамки на месечните лингвистички средби „Colloquia linguistica“ во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видеоски“.