Предавање на Тевдовски во Институтот ИНАЛКО во Париз
Во Националниот институт за источни јазици и култури ИНАЛКО, кој е еден од основачките и најреномирани членки на универзитетскиот комплекс Сорбона во Париз, вчеравечер пред истакнати француски и меѓународни претставници беше претставена македонската култура и уметност.
Сесијата ја отвори професор Фроса Бушеро, истражувач на македонскиот јазик и македонската дијаспора од Франција, а предавање на тема „Миграциите во македонската уметност и колективната меморија на Македонците“ одржа Љубен Тевдовски, директор на Музејот на град Скопје.
- Предавањето на д-р Тевдовски екстензивно го презентираше развојот на современата македонска уметност во комплексните услови на општествени трансформации, безбедносни и политички предизвици во текот на последните два века. Пред реномираната француска и меѓународна публика се разговараше за сензибилитетот на поезијата на Миладинов и Рацин, уметничките дела на Димо Тодоровски и Борко Лазески, пораките на сценаријата на Арсени Јовков и Ташко Георгиевски, но и културната отвореност и толеранција на Македонија пред предизвиците и современите миграторни процеси, соопшти Музеј на Град Скопје.
На сесијата се обрати и Христина Александропулос, истакнат истражувач и предавач на ИНАЛКО, која зборуваше за животните стории, впечатоци и култура на бегалците од граѓанската војна во Грција.
Сесијата посветена на македонската уметност и колективната меморија на Македонците ја затвори реномираната Балканска средба во Институтот за источни јазици и цивилизации во универзитетскиот комплекс Сорбона.
Во продолжение на културното претставување на Македонија, вечер во „Ле Палас“ ќе биде отворена изложбата „Балканскиот Дон Кихот“ на реномираниот македонски уметник Владимир Георгиевски. Изложбата е организирана од Музејот на град Скопје и организацијата ИКОН и ќе ја отворат директорот на Музејот Тевдовски и организаторот на фестивалот „SEE A Paris“ - Јордан Плевнеш.
Ново на Сител
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра
-
Судовите се неажурни во работата, нерешени им стојат 150 илјади предмети
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија