Предавање на Ивана Васева и Филип Јовановски на Кралскиот институт на уметноста во Шведска
Кураторката Ивана Васева и визуелниот уметник Филип Јовановски ќе бидат дел од програмата на Шведската јавна уметничка агенција (Public Art Agency Sweden), која денеска ќе се одржи на Кралскиот институт на уметноста (Royal institute of Art) во Стокхолм, Шведска.
Васева и Јовановски ќе одржат предавање „Курирање како одговор на локален контекст“ и работилница „Уметноста и политиката на улицата“ во рамки на програмата „Надвор од галеријата, во други области“. Тие ќе ги претстават последните изданија на нивниот долгогодишен проект - АКТО фестивалот за современи уметности кои го курираа заедно и некои од нивните неодамнешни проекти, со што ќе го отворат прашањето што значи да се курира во контекстот на Македонија.
Фокусот на нивнотон предавање/работилница ќе биде минатогодишното, јубилејно 10. издание на АКТО фестивалот за современа уметност и 11. издание на АКТО, кое годинава се одржа под мотото „Pop Up“ или искрснување во четири градови низ Македонија: Битола, Скопје, Штип и Тетово.
Организаторот на настанот, Шведската јавна уметничка агенција е формирана во 1937 година како владина агенција во рамки на Министерството за култура. Во текот на 80-годишното постоење имала многу проекти - продуцирала трајни уметнички дела и уметнички колекции за јавни институции и била инстанца на релевантни уметнички коментари на развојот на шведското општество.
Ново на Сител
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли