Пред пратениците ќе бидат презентирани информации поврзани со преговорите со Бугарија
Претставници на Владата на Република Македонија се подготвени пред пратениците да презентираат информации поврзани со преговорите со Република Бугарија, потврдија од Владата за МИА.
-Во комуникација потврдено е дека постои интерес за одржување на сесијата во Собранието, периодов ќе следи усогласување на термините согласно агендите, по што јавноста ќе биде информирана, дополнуваат од Владата.
Претседателот Стево Пендаровски претходно во интервју за МИА рече дека според негови сознанија најверојатно следната недела Акцискиот план со Бугарија ќе се најде пред собраниската Комисија за европски прашања или за надворешна политика.
-Она што го знам како последна информација е дека најверојатно следната недела на собраниската Комисија за европски прашања или за надворешна политика двајцата во оваа смисла надлежни министри, значи Димитров за евроинтеграции и Османи…, рече Пендаровски, додавајќи дека дали седницата ќе биде отворена или затворена за јавност треба да биде одлука на членовите на Комисијата.
Претседателот додава дека не гледа причина зошто да нема седница на која ќе се информира за тековните активности со Бугарија. -Мислам дека е донесена одлука во Владата тоа да се случи. Нема причина зошто да не се случи. Тоа е нивна практично и тековна обврска одвреме-навреме да ги информираат законодавниот дом и пратениците. Значи, ќе има таква сесија, на која сигурно ќе се разговара и за најновиот развој на настаните во таа смисла, во смисла на документи…, рече Пендаровски во интервјуто за МИА.
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
