Пред полицајци фрлил 24 пакувања хероин пред агенција за недвижности и влегол внатре, уапсен 55-годишник
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничениот 55-годишник, на 25 јануари, во својот автомобил држел 24 пакувања со вкупно 8,94 грама хероин, како и две пакувања со вкупно 1,25 грама метамфетамин. Откако ги забележал полициските службеници, тој го запрел возилото на паркинг на улицата „Њуделхиска“ и пешки се дал во бегство. Полицајците го следеле, па тој влегол во агенција за недвижности, a дрогата ја фрлил пред влезот во објектот. Полициските службеници ја пронашле дрогата, а лицето го лишиле од слобода, информираат од ЈО.
Во текот на постапката било утврдено основано сомнение дека истото лице, на 6 октомври минатата година во дом на улицата „Радика“ во Скопје, каде престојувал како потстанар, заради продажба држел 0,61 грам амфетамин, а истиот ден на сведок му продал 0,45 грама хероин.
– Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото за кое и претходно веќе неколкупати е осудуван, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор., соопштуваат од ЈО.
Ново на Сител
-
Земјотрес од три степени во околината на Штип
-
Студено утро во земјава, на Попова Шапка -10 степени
-
Санкционирани 152 возачи во Скопје, 28 за брзо возење
-
Меси е третиот играч во историјата кој постигнал над 100 голови за националниот тим
-
САД и Русија престанаа да разменуваат податоци за нуклеарното оружје
-
Верешчук ги повикa Русите да не посвојуваат деца „украдени“ од Украина
-
Зеленски го покани Си Џинпинг да ја посети Украина
-
Никотин или кофеин, што носи поголем ризик?