Пред две години оставил возило на поправка, полицајци му го нашле во отпад во тетовско Непроштено
Жител на Тетово пред две години оставил автомобил на поправка, а вчера отишол да го земе, но бидејќи возилото го немало повикал полицијата да се најде. Полицијците го нашле возилото на отпад.
– Вчера (14 септември) во 12 часот и 15 минути, 62-годишниот тетовец во СВР Тетово пријавил дека пред околу две години во автомаханичарската работнилница во тетовско Џепчиште го оставил за поправка неговото возило „форд мондео караван“ со тетовски регистарски ознаки. Но кога отишол да го земе, возилото го немало во работилницата. Набргу, полициски службеници на СВР Тетово го пронашле возилото во авто-отпад во тетовско Непроштено и му го вратиле на сопственикот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Полицијата се уште ќе работи на овој случај со цел да се документира и расчистат сите поединости.
Ново на Сител
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
