Правда и внатрешни работи теми на Министерски форум – ЕУ Западен Балкан утре и задутре во Скопје
Министерски форум – ЕУ Западен Балкан за правда и внатрешни работи ќе се одржи утре и задутре во Скопје во рамки на финското претседателство со Советот на Унијата.
Првиот ден од конференцијата ќе биде посветен на секторот правда, вториот на секторот внатрешни работи, а на настанот како што соопшти Европската комисија ќе учествуваат еврокомесарите за правда и за миграција, Вера Јоурова и Димитрис Аврамопулос.
В понеделник, комесарката за правда Јоурова, како што јави дописничката МИА од Брисел, ќе учествува на состанокот на кој ќе се дискутира за владеењето на правото и судските реформи, како и за условите во затворите и употребата на алтернативни санкции. Јоурова истиот ден ќе одржи и дебата со студентите од Правниот факултет.
Во вторник, еврокомесарот за миграција Аврамопулос ќе биде дел од министерскиот состанок за внатрешни работи на кој ќе се разговара за соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори