Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до фон дер Лајен: НЕ за асимилација и НЕ за бугаризација
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за време на говорот на претседателката на европската комисија Урсула фор дер Лајен во Собранието на Република Македонија подигнаа табли со пораки испишани на англиски јазик.

„Ултиматум не благодарам“, „Да за ЕУ, не за асимилација“, „Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот“, „Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна“, „Ние сме Македонци не бугари“, „Бугарија, засрами се“, „Нема иднина без историја“, „Македонија не е на продажба“, „СДСМ предавници на народот“ - се пораките кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги упатија до претседателката на европската комиција Урсула фон дер Лајен.

- Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија ги пренесоа пораките на народот со кого заедно протестираа масовно изминативе 10 дена, низ улиците на главниот град, се наведува во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.

Ново на Сител
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
