-->
-->
Пратеници од Конзервативаната партија сакаат да ја сменат Тереза Меј
-->
Поранешниот претседател на британската Конзервативна партија, Грант Шапс, денеска изјави дека има група од 30 пратеници кои сакаат да ја симнат од власт британската премиерка Тереза Меј, а меѓу нив има и противници и поддржувачи на Брегзит.
Разногласијата околу иднината на Меј излегоа на виделина денеска, откако нејзиниот говор на конгресот на владејачката партија беше прекинуван поради неколку инциденти.
Шапс изјави за радио Би-Би-Си, дека многу пратеници сакаат премиерката да поднесе оставка.
- Има и поддржувачи и противници на Брегзит, кои никогаш нема да постигнат автоматски договор за кој било кандидат, и воопшто не е станува збор за кампања во полза на одредена личност, додаде тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација
-
Теренска вакцинација
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024