Пратеничките од ДОМ остварија средба со австриските Зелени
Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, остварија средба со претставници од австриската Зелена партија, во Централната канцеларија на ДОМ.
Австриските зелени се интересираа за еколошките предизвици со кои се соочува нашата земја. Се разговараше за третманот на отпадот и неопходноста од негово селектирање и рециклирање, изградба на современи санитарни депонии, чистење на дивите депонии, како и воведување на еколошка едукација во рамки на образовниот систем. Се истакна потребата од преминување од досегашниот линеарен економски модел кон циркуларна, зелена економија, преку развој на земјоделието, туризмот и незагадувачка преработувачка индустрија.
Особен интерес, австриските зелени покажаа за производството на електрична енергија кое во Македонија се базира на користење јаглен. Пратеничките од ДОМ ги запознаа со придобивките од новиот Закон за енергетика и веќе започнатите проекти за поголемо искористување на обновливите извори на енергија, пред се сонцето и ветерот. Исто така, ги информираа и за донесениот Закон за урбано зеленило со кој се овозможува заштита и унапредување на зеленилото. Посебено внимание, австриските зелени посветија на измените на Законот за минерални суровини, со кои се забранува отворање на рудници од отворен коп во кои се користат цијаниди и сулфурна киселина. Се дискутираше и за потребата од значителни финансиски средства за решавање на 16 жешки еколошки точки од старите индустриски загадувања.
Австриските зелени се интересираа за учеството на ДОМ во раководните структури на централно и локално ниво, како и за можноста за измена на изборниот модел од сегашните шест во една изборна единица.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф