-->
-->
Прандели си најде клуб во ОАЕ
-->
Поранешниот селектор на италијанската фудбалска репрезентација Чезаре Прандели (59) кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати како тренер на Ал Наср.
Прандели на клупата на клубот од Дубаи ќе го наследи Романецот Дан Петреску, кој доби отказ.
Италијанскиот стручњак последната работа ја имаше во Валенсија, но на клупата на „лилјаците“ се задржа само три месеца. На Местаља стигна во септември 2016 година, а си замина во декември незадоволен од состојбите во клубот.
Во тренерската кариера ги предводеше Лече, Верона, Венеција, Парма, Рома, Фиорентина и Галатасарај. Од мај 2010 година до јуни 2014 година ја предводеше репрезентацијата на Италија, а клупата на „Азурите“ ја напушти по испаѓањето во првиот круг на СП 2014 во Бразил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас