Кошарка
28. јуни 2016 - 19:21

Познати учесниците во новото издание на Евролигата

 Раководството на кошаркарската Евролига, денеска ги објави имињата на екипите кои следнат сезона ќе играат во ова најеминентно еврпско клупско натпреварување. 
 
На листа на учесници во Евролигата и следната сезоната 2016/2017 година, Турција ќе имаат четири претставници: Галатасарај (победник на Еврокупот), Анадолу Ефес, Фенербахче и Дарушафака (вајл-карта). Шпанија ќе партиципира со три екипи: Реал Мадрид (првак на Шпанија), Барселона и Лаборал Куча.
 
Покрај актуелниот европски првак ЦСКА Москва, Русија ќе ја претставува и Уникс Казан, а две екипи ќе има и Грција во имињата на гигантите, Олимпијакос и Панатинаикос. Останатите пет тима доаѓаат од пет различни земји: Црвена Звезда (Србија), Жалгирис (Литванија), Емпорио Армани (Италија), Бамберг (Германија) и Макаби Тел Авив (Израел). 
 
Ждрепката и распоредот на натпреварите ќе се изврши на 7 јули. 
 
Според новиот систем на натпреварување, 16-те екипи ќе се игра во лигашки дел со 30 кола, по принципот секој со секого на домашен и гостински терен. 
 
Осумте најдобро рангирани ќе обезбедат пласман во четвртфиналето кои ќе се игра на три добиени натпревари, а победниците ќе се пласираат на завршниот „фајнал-фор“. 
 
Засега, Евролигата нема донесено одлука каде ќе се игра „Ф-4’’ турнирит, за чија организација досега интерест имаат пројавено Белград, Прага и Москва, единствено е сигруно дека шампионот ќе се решава на турнирот во мај мецес следната година.