Фудбал
7. August 2015 - 9:32

Познати потенцијалните ривали на Работнички во баражот од ЛЕ

На денешното извлекување на двојките за баражот од Лига Европа УЕФА ги одреди екипите во четири групи. Работнички се наоѓа во групата 3, каде како потенцијални ривали од носителите се: Рубин (Русија), Салцбург (Австрија), Фенербахче (Турција), Бордо (Франција), Лех (Полска) и Слован (Словачка).

Работнички е заедно со Хајдук (Хрватска), Атромитос (Грција), Динамо Минск (Белорусија), Видеотон (Унгарија) и Кајрат (Казахстан) рангиран како неносител.
Извлекувањето ќе се одржи во Нион од 13 часот и најпрвин ќе се извлекуваат двојките од групите 1 и 2, а потоа од групите 3 и 4.
Инаку, слично како и за првото коло од квалификациите кога Ренова беше обележана дека е од Молдавија истото УЕФА го направи во својата вест на својот сајт за Работнички.