-->
-->
Познати групите за Европското првенство за ракометарки
-->

Со ждрепката извршена попладнево во Гетеборг, беа одредени групите за Европското првенство за ракометарки во Шведска кое ќе се одржи од 4 до 18 декември 2016.
Во групата А чиј домаќин ќе биде Стокхолм покрај домашната селекција на Шведска ќе играат репрезентациите на, Србија, Шпанија и Словенија.
Дуелите од Б групата ќе се играат во Кристијанштад ќе се сретнат: Холандија, Франција, Германија и Полска.
Во Малме кој ќе биде домаќин на Ц групата ќе играат: Црна Гора, Унгарија, Данска и Чешка.
И во последната Д група во Хелсинборг ќе бидат селекциите на: Норвешка, Русија, Романија и Хрватска.
Пласман во втората рунда нема да обезбеди само најслабо рангираната селекција во секоја од групите.
Натпреварите од главната фаза, како и завршницата, ќе се играат во „Скадинавиум арената’’ во Гетеборг.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
-

Младите и социјалните мрежи
