-->
-->
Познати четвртфиналистите во фудбалската Лига Европа
-->

Откако синоќа беа одиграни пет реванш осминафинални натпревари познати се сите екипи кои ќе играат во четвртфиналето на фудбалската Лига Европа.
Меѓу осумте најдобри покрај актуелниот бранител на трофејот од лани, шпанската Севиља се пласираа и екипите на Ливерпул, Шахтјор, Брага и Борусија Дортмунд.
Претходно тоа го направија: Виљареал, Атлетик Билбао и Спарта Прага.
Комплетни резултати од реванш осминафиналните натпревари во Лига Европа:
Баер Леверкузен – Виљареал 0:0 (0:2 прв натпревар),
Лацио - Спарта Прага 0:3 (1:1),
Валенсија - Атлетик Билбао 2:1 (0:1),
Манчестер Јунајтед – Ливерпул 1:1 (0:2),
Андерлехт - Шахтјор Доњецк 0:1 (1:3),
Спортинг Брага – Фенербахче 4:1 (0:1),
Севиља – Базел 3:0 (0:0),
Тотенхем - Борусија Дортмунд 1:2 (0:3),
Двојките за четвртфиналето ќе бидат одредени попладнево со ждрепкатра која се се изврши во седиштето на УЕФА во Нион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
